Search

Израелската војска собори ракета

Израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ собори ракета која била испалена на територијата на Голанската висорманина, соопшти израелската војска.

Во соопштението не се наведува од каде била испалена ракетата.

Сириските медиуми претходно јавија дека сириските системи за противвоздушна одбрана осуетиле воздушен напад на израелската војска на југот на Сирија.

Мнозинството земји во Генералното собрание на ОН усвоија резолуција со која Израел се повикува да се повлече од целата територија на Голанската висорамнина.

Израел и Сирија имаат спор во врска со Голанската висорамнина, која Израел ја окупира во текот на арапско-израелската војна во 1967 година, а ја присоедини територијата во 1981 година. Меѓународната заедница никогаш не го призна присоединувањето.

Треба да знаете
Последни објави