Search

Израелската армија гаѓаше ирански и сириски цели во Сирија

Израелската армија утрово соопшти дека гаѓала ирански и сириски цели во Сирија како одговор на експлозивот поставен долж линијата Алфа на север, додека сириската агенција Сана објави дека тројца војници биле убиени во израелските напади.

– Иран и Сирија поставија импровизирани експлозивни направи во близина на линијата Алфа за да ги нападнат израелските војници. Sамо што гаѓавме цели на иранските сили Кудс и сириската армија во Сирија, соопшти израелската армија на Твитер.

Во нападот, наводно, биле погодени сириски ракетни батерии земја-воздух.

Повикувајќи се на воени извори, агенцијата Сана јави дека непријателот извршил напад „врз јужното подрачје”.

– Во нападот се убиени тројца војници, еден војник е ранет и причинета е материјална штета, јави Сана.

Треба да знаете
Последни објави