Search

Изолација на семејство со 11 деца, вклучувајќи и мало бебе

Џоан О’Рурк (37) од Барнет во северен Лондон, неодамна го роди своето 11-то дете, а неколку дена пред да се породи се појави на ТВ Канал 5 во емисијата „Јас и моите 10 деца: мега семејство“.

Џоан, Томи и од неодамна 11 деца живеат во четирисобен стан, а последните неколку недели, како и повеќето луѓе, биле во домашна изолација поради ширењето на коронавирусот. Џоан поради бременоста се затворила со своите деца во изолација, една недела пред владата на Велика Британија да воведе општ карантин во земјата.

Таа вели дека не и било лесно да се изолира во напредна бременост, а лекарите решиле да ја породат шест дена од крајниот термин и на вториот ден родила здраво бебе со тежина од 4,1 кг, чие име семејството одлучило да го чува во тајност до Велигден.

Персоналот на болницата му дозволил на нејзиниот сопруг Томи да присуствува на породувањето, но никој друг не можел да ја посети во болницата. Покрај тоа, новороденчето имало и помали проблеми со цревата, поради што било однесено во болницата Сент Ормонд, а Џоан морала да оди со такси поради правилата за социјална дистанца.

За среќа, момчето било пуштено дома по една вечер, така што оваа мајка веќе десет дена е дома со своите 11 деца. Додека 13 луѓе се тискаат во мал простор, мајката спие само неколку часа на ден, но сепак вели дека деновите во изолација со нејзините деца брзо и поминуваат, иако понекогаш е исцрпена.

Без оглед на роденото бебе и мешаницата во нивниот стан, таа се обидува што поквалитетно да го помине времето во изолација со своите деца и внимава да имаат секојдневни задачи и рутина.

По ручекот следува слободно време за децата – тие треба да ги наместат креветите, а потоа сезнимаваат со своите активности како фудбал или цртање – раскажа оваа мајка за „Сан“.

Треба да знаете
Последни објави