Search

Измени во возниот ред на линијата 21 на ЈСП

ЈСП информира дека од денеска, 15 март, линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови.

Во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот.

„ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите. Ваквата одлука е донесена по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред“, велат од ЈСП.

Треба да знаете
Последни објави