Search

Изменет режим на сообраќај за автобусите на ЈСП во Автокоманда

ЈСП Скопје информира дека поради градежни работи кои се изведуваат на булеварот „Александар Македонски“ во правец кон излезот на Скопје, не се во функција постојките кај Меркур и Автодром. Автобусите на ЈСП Скопје застануваат само на постојките кај Алкалоид и СЕТУ „Михајло Пупин“.

Истовремено, поради тековната реконструкција на булеварот, линија 2 во правец према Автокоманда сообраќа преку Пивара.

Посочениот режим ќе важи се додека траат градежните активности на булеварот.

Треба да знаете
Последни објави