Search

Изменет режим на сообраќај во Скопје

На 12 и 13.09.2019 (четврток и петок) во времето од 18.00 до 06.00 часот и на 15 и 16.09.2019 (недела и понеделник) во времето од 18.00 до 06.00 часот на улицата „Лазар Личеновски“, поради снимање на филм од страна на ДФПУ„Вертиго висуал“ ДОО, Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Треба да знаете
Последни објави