Search

Измамен гостиварец: „Купил“ стан во струшки хотел за 8.000 евра

На 29.05.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Гостивар, Л.Д.(35) од Гостивар пријавил дека бил измамен од лицето А.„Н”.

Според пријавеното, на 14.08.2017 негов познаник го повикал кај него затоа што кај него било лице кое продавало стан во склоп на хотел во Струга и ако бил заинтересиран да дојде да се договорат. Исто така, според пријавата, тој отишол и се сретнал со А.„Н”, при што се договориле да го купи станот за цена од 8.000 евра, а парите ги барал веднаш затоа што правел свадба.

Како што е пријавено, Л.Д. се согласил и наредниот ден заедно со негов пријател во Гостивар се сретнале со А.„Н” и му дал половина од сумата и ги зел клучевите од станот, а неколку дена подоцна повторно се сретнале во угостителски објект и му ја дал втората половина.

Според пријавеното, по неколку дена, Л.Д. отишол во хотелот во Струга каде што го известиле дека лице со име А.„Н” не поседува стан и му дозволиле да провери.

Како што пријавил Л.Д., после тоа тој се сретнал со А.„Н” и по извршен разговор со него дознал дека бил измамен, а до денот на пријавување не добил сопственост на станот и не му биле вратени парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави