Search

Изложени историски парчиња од „Диор“ во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон

Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон ја отвори изложбата на еден од најгенијалните модни дизајнери во последните седумдесетина години.

„Кристијан Диор: Дизајнер од соништата“, е насловот на поставката која не враќа во историјата на модната куќа „Диор“ со преку 200 свечени парчиња од високата мода.

Изложбата се отвори на 2 февруари и е поделена во 11 дела кои зборуваат за еволуцијата брендот кој од рацете на Кристијан Диор премина во рацете на неговите наследници, Ив Сен Лорен, Џон Галијано, Раф Симонс, а од скоро и Марија Грација Чури. Изборот оваа изложба да биде поставена во музејот „Викторија и Алберт“ не е случајна, бидејќи овој музеј е т.н. „летописец“ на британската култура, а Кристијан Диор како дизајнер е тесно поврзан и со модните избори на кралското семејство.

Треба да знаете
Последни објави