Search

Изложба „Level 50“ на Тони и Емил Шулајковски

Во галеријата „Акантус“ во Скопје, на 22 февруари (петок) со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на слики „Level 50“ на ликовните уметници Тони и Емил Шулајковски. По деветнаесет години, браќата-близнаци, повторно заедно ѝ се претставуваат на скопската публика со отворање на изложба, прославувајќи го својот педесетти роденден. Проектот содржи педесет слики, по дваесет и пет од секого. Предговорот за каталогот на изложбата го напиша Дијана Томиќ-Радевска, ликовна уметница и куратор во галеријата „Акантус“. За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 20 март годинава, секој ден, освен понеделник

Треба да знаете
Последни објави