Search

Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово насилство

По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство вечер во кафе бар „Синдикат” ќе биде поставена  изложба на фотографии  „Викторија”.

Изложбата, која е дело на Христина Христова, се состои од 10 фотографии од жртви на родово базирано насилство и насилство поради сексуална ориентација и ќе бидат на продажба за време на настанот. Фотографиите се со пропратна приказна напишана од страна на девојки и жени кои секојдневно се борат со искуството од кое нема криење.

Организатори на изложбата се Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ центарот за поддршка Скопје, во соработка со Шелтер центарот „Сигурна куќа” и платформата за феминизам „Медуза”.

Треба да знаете
Последни објави