Search

Изложба на фотографии од 16. „Фотомедија” на фотоклубот „Елема”

Во галеријата Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од 16-тиот конкурс „Фотомедија” – меѓународно натпреварувачко биенале на фотографска уметност што го организира Фотоклубот „Елема 1962″ од Скопје.

До 15 ноември ќе бидат изложени 163 фотографии селектирани од повеќе од 800  кои пристигнале на годинашниот конкурс. Добитник на Гран-при оваа година е познатиот фотограф Ален Ликари од Соединетите Американски Држави.

Фотографиите ги избра меѓународно жири, во состав: Антон Савов (Бугарија), Станко Абаџиќ (Хрватска) и Боро Рудиќ (Македонија).

– Со  своите искрени и посветени заложби „Елема”, кој е единствен фотоклуб во Скопје формиран во 1962 година, успеа од „Фотомедија” да направи една од најпрестижните изложби на традиционална (принт) фотографија во Македонија, на која редовно учествуваат реномирани фотографи од целиот свет, соопшти „Елема”.

Конкурсот „Фотомедија” е поддржан од Фотосојузот на Македонија и е под патротнат на Меѓународната фотографска асоцијација-ФИАП (Fédération Internationale de l’Art Photographique).

Треба да знаете
Последни објави