Search

Изложба на слики од Mеѓународната ликовна колонија „Охрид 2018″

Во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија”, денеска во објектот „Порта Македонија” ќе биде отворена изложба на слики од деветата Mеѓународна ликовна колонија „Охрид 2018″.

Изложените ликовни дела се изработени од академски сликари и талентирани лица со телесен инвалидитет. На ликовната колонија учествуваа уметници од Македонија, Србија, Хрватска и Република Чешка.

– Целиот проект го стимулира ликовното творештво на лицата со телесен инвалидитет и организирањето на ваква меѓународна ликовна колонија има за цел да докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна, наведуваат од „Мобилност Македонија”. 

Треба да знаете
Последни објави