Search

Изложба на ротвајлери во Аеродром

Специјализирана изложба за кучиња од расата ротвајлер се одржа изминатиот викенд по осми пат во паркот „Авион“ во Општина Аеродром.

Низ рингот продефилираа вкупно 128 кучиња од расата ротвајлер од 10-ина европски држави, а најмногубројни беа излагачите од Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Полска.

Организатор на изложбата е Ротвајлер клубот, кој следната година ќе биде домаќин на Светското првенство за ротвајлери, каде што се очекуваат од 300 до 500 кучиња од оваа раса.

Општина Аеродром и во иднина останува отворена за соработка и поддршка на манифестации и настани што поттикнуваат грижа за животните.

Истата беше организирана од Расовиот Клуб за Ротвајлер чие седиште е во Општина Аеродром.

 

Треба да знаете
Последни објави