Search

Изложба на Гоце Илиевски од мултимедијалниот проект „Човек-бог”

Во Галеријата на МКЦ вечер од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба „Човек-бог” на Гоце Илиевски, на која ќе бидат претставени слики, цртежи и кратка анимација –  комбинација на ГИФ-анимација и цртежи на очи.

-„Човек-бог” е мултимедијален проект, синестезија од цртежи и кратка анимација на око што трепка. „Човек-бог” е некој што е истовремено и човек и божествен, или човек кој е идол. За некого тоа е духовен учител, за некого јавна фигура или политичар, за некого тоа е дури и пријател. Може да биде некој што шири љубов и просветление или човечки идол кој ги користи луѓето за лични цели. Сите сме различни и гледаме на нештата различно, во зависност од сопствената свест. На некое друго ниво, сите ние сме сепак исти, истакнува авторот.

Гоце Илиевски (Скопје, 1988) дипломирал сликарство со насока конзервација на Факултетот за ликовни уметности, во класата на Жанета Вангели. Користејќи се со сликарските медиуми, главно маслото, го истражува влијанието на светлината врз мотивот, како и светлината како суштинска енергија.

Има реализирано тринаесет самостојни и повеќе групни изложби, како и уметнички престои во Исланд, Германија, Полска и Литванија.

Треба да знаете
Последни објави