Search

Изложба „Жените и фотографијата” во Крива Паланка

Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка од денеска во следните две седмици ќе биде поставена изложбата на фотографии „Жените и фотографијата”.

Станува збор за шеста изложба што ја организира Фото клуб „Куманово” традиционално, по повод денот на жената.

– За годинашната изложба пристигнаа над седумстотини фотографии од кои како селектори одбравме сто, што беа претставени на изложбата на Денот на жената, во Куманово. Во Крива Паланка се изложени 46 фотографии од авторки исклучиво од нашата држава. Дел од фотографиите се тематски, на тема жена, додека останатите се на слободна тема, во колор и црно- бела техника. Интересно е што на конкурсот дури една третина од делата се од Кумановски авторки, изјави Владимир Јовановски од фото клуб ” Куманово”, ментор на бесплатна школа за фотографија.

Изложбата ја отсликува убавината на мигот низ објективот на македонското женско фотографско творештво.

Светската фотографска асоцијација го прогласи фото клуб „Куманово” за светски фотографски центар, со што Куманово се вбројува во осумнаесет светски градови кои го носат тој епитет. 

Треба да знаете
Последни објави