Search

Изложба на дела од ликовната колонија „Љубанци 2019″

Изложба на делата од деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019″ ќе бид еотворена денеска во големата сала на Општина Бутел.

Станува збор за 28 дела на 19 ликовни уметници учесници на последната ликова колонија, што веќе традиционално, се одржува во Љубанци. Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат 25 слики, две скулптури во метал и една скулптура во дрво.

На последната ликовна колонија, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев, Оливер Настески, Гоце Божурсаки, Ели Чочова и други,  учествуваа и уметниците од Србија: Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ.

На изложбата ќе биде промовиран специјално подготвениот каталог „Деветта ликовна колонија Љубанци 2019″ во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

На изложбата ќе бидат наградени и најубавите четири детски цртежи насликани на „Детскиот ден” во рамките на ликовната колонија.

Треба да знаете
Последни објави