Search

Изложба „Ана Франк – Историја за денес“ во Скопје

По повод сеќавање на трагичниот настан „Кристална ноќ“, Младински образовен форум организира изложба „Ана Франк – Историја за денес“ која ќе биде отворена утре, 9 ноември, од 17 до 23 часот на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје.

Изложбата е составена од триесет и девет изложбени панели кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за Холокаустот и Втората светска војна. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес.

Изложбата во Северна Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европска унија. До сега, изложбата беше поставена во 22 градови, а ја посетија повеќе од 19 илјади посетители.

Треба да знаете
Последни објави