Search

Излета „бмв“ кај Извор, четворица повредени

На 16.01.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес- Извор, после крстосницата за село Горно Оризари, автомобил „бмв”, со велешки регистарски ознаки, управувано од И.З.(30) од село Горно Врановци излетало од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.З. и сопатничката З.З.(52) од село Горно Јаболчиште, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници на возраст од 12 и 14 години, по што биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави