Search

Издадени решенија за изолација на 435 лица, 641 фатени без маска

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.06) на територијата на Република Северна Македонија на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се осум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци.

Треба да знаете
Последни објави