Search

Изгубени се драгоцени месеци заради ВМРО ДПМНЕ

Министерството за здравството прави се лекарите и медицинскиот персонал да се подготвени за справување со пандемијата. Ако некој е херој тоа се нашите здравствени работници, работат речиси 7 месеци непрекинато по 24 часа, истакна потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зеќири при гостувањето во емсијата „Анализа“ на ТВ24.
Тој потсети дека за време на техничката влада требаше да добиеме заем, помош од Светска банка да ги опремиме мобилните болници но техничката заменичка министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ го блокираше тоа.
Изгбувме драгоцени месеци, за да може денеска да ги имаме спремни мобилните болници, ќе ги имаше како секаде во светот, да не се водеше политика наместо здравје, истакна потпретседателот на СДСМ и пратеник Зеќири.
Треба да знаете
Последни објави