Search

Изгубениот Мицкоски му слугува на Груевски, лаже и манипулира со граѓаните, услов за влез во НАТО беше решение на спорот со Грција уште во 2008 година

Христијан Микцоски уште еднаш лаже, ги потценува граѓаните и нивната интелигенција.

Мицкоски е изгубен во слугувањето на Никола Груевски. Или не ги знае Мицкоски или не го прочитал заклучокот на НАТО, па затоа во интервју лаже дека решавањето на спорот за името со Грција не бил услов за прием во НАТО.

Во 2008 година државата не влезе во НАТО само поради спорот со Република Грција. Во заклучокот од 2008 од самитот во Букурешт јасно стои дека поканата за членство во НАТО ќе биде упатена кога двете земји ќе најдат заедничко прифатливо решение за спорот со името, нешто што се случи 10 години подоцна со Договорот од Преспа. Недозволиво е јавно да лаже за нешто што е општо познато. Мицкоски, граѓаните не заборават дека последен услов за влез во НАТО беше решавање на спорот со Грција.

Не забораваат ниту кога ти ги лажеше дека ќе се градат кампови за мигранти, не забораваат ниту кога ги плашеше со Тирански платформи и федерализации.

Уште еднаш се покажа дека лагите, манипулациите и измислиците се единствен начин на политичко дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а обновата на режимот е нивната единствена понуда.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последнит еизбори и затоа ќе ги изгубат и следните предвремени изброи на 12 април. Граѓаните нема да дозволат да ги манипулира Мицкоски, нема да дозволат обнова на режимот. На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека државата е на прав пат, а тој пат води до НАТО и ЕУ, колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави