Search

Изградба на нова атмосферска каналзација на улицата Александар Урдаревски во Бутел

Изградба на нова атмосферска каналзација на улицата Александар Урдаревски во Бутел

Општина Бутел и Град Скопје од среда ќе почнат со изградба на атмосферска канализација на улицата ,,Александар Урдаревски,, на потегот од кружниот тек до улицата ,,Бутелска,,. Но, работите ќе се одвиваат во две фази.

Како што информираат од Општина Бутел првата фаза ќе ја опфати делницата од кружниот тек до семафорите а работите ќе траат 1 месец.

Општината ги информира граѓаните дека ќе биде променет режимот на сообраќај. Во наредните 30 денови тој ќе се одвива по улицата ,,Хо Ши Мин,,  преку улицата ,,Цетинска,, или пак преку новата делница на  булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош,, и улицата ,,Натанаил Кучевишки.

За граѓаните што гравитираат кон Градските гробишта и Општината Чучер Сандево, сообраќајот ќе се одвива преку улицата ,,Боца Иванова,, до кружниот тек и обратно, информираат од Бутел.

Треба да знаете
Последни објави