Search

Изградба на голем зелен парк спроти Карпош 4

Големиот зелен парк спроти Карпош 4 е еден од клучните проекти, чија реализација е веќе започната со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија.

Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, со што на површина од 86.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и тематски содржини за сите генерации. Ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесеме за зголемувањето на зелените површини во општината, за најмалку 20 % до крајот на 2025 година.

Живееме и работиме во време на дигитализација и брз напредок на технологијата, но во ниеден момент не смееме да заборавиме на спортските и рекреативни активности, маалскиот живот, дружбите, детската смеа по парковите, првите симпатии на некоја „наша клупа“ и пензионерските денови минати во дружба со пријателите на партија шах.

Паркот во Карпош 4 ќе биде токму тоа место каде што секојдневието ќе добие поинаква димензија и каде што ќе дозволиме времето да застане, барем за еден миг. Карпошани го заслужуваат тоа. Карпош го заслужува најдоброто.

 

Треба да знаете
Последни објави