Search

Изгоре куќа во скопско Батинци

Kуќа изгоре во пожар во скопското село Батинци. Како што информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал на полноќ на улицата 6 бр.14. Екипите интервенирале на терен од полноќ до 2,40 часот изутрината. Пожарот го гаснеле шест возила и 14 пожарникари. Од огнот се зафатени 100 квадратни метри, а штетата не е утврдена.

Треба да знаете
Последни објави