Search

Изгоре куќа во Гостивар

Изгоре куќа во Гостивар

Нема повредени во пожарот што синоќа околу полноќ избувнал во куќа на улицата „Мара Угринова” во Гостивар. Во пожарот изгореле покривите на два објекта и внатрешноста на катот од едниот. Брзата интервенција на пожарникарите, спречила трагедија и потешки последици, со оглед дека во едниот објект спиеле домаќините, а опожарените објекти се наоѓаат во густо населено населба.

Огнот, најверојатно се појавил на покривот во куќата сопственост на  А.Д. (68) и брзо околу полноќ и се проширил на околните објекти.

Во тек е увид, по што ќе бидат познат причините за пожарот и штетата штоп настанала.

Треба да знаете
Последни објави