Search

Изгорени мерцедеси во Скопје и Дебар

На 18.05.2019 година во 02.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на И.В.(42) од Скопје. Притоа, целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а опожарена била и задната страна на патничко возило „Волво“, сопственост на Г.Н. од Скопје. Пожарот бил изгаснат во 04.00 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Истиот ден во 01.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во с.Брештани, дебарско, настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на Ѓ.И од Струга. Во пожарот бил опожарен предниот дел од возилото. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Треба да знаете
Последни објави