Search

Изгореа џип и „мазда“ кај Студентски дом „Гоце Делчев“

Два автомобили изгорее во пожар, ноќеска во скопската населба Тафталиџе, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 2 часот во близина на студенскиот Дом „Гоце Делчев“. Во пожарот изгорел џип „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки,  сопственост на Ј. Е (52) од Скопје. Од пожарот било делумно зафатен и автомобил ,,мазда“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Е..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави