Search

Изгаснат пожар кај велешко Иванковци

Попладнево пожарникарите од ППЕ – Велес изгаснаа пожар  под сува трева трња и стрништа на еден километар пред селото Иванковци.

Пожарникарите апелираат до месното население посебно до земјоделците, да не палата стрништа, затоа што и безначајните пожари можат да прераснат во голема огнена стихија, а во прилог на пожарите им оди и долгата суша.

Како што информираат за МИА од ППЕ- Велес вчеравечер  тие заедно со вработените од ШС „Бабуна” од Велес го изгаснале пожарот во кој два дена  гореше поголема површина под  дабова шума кај селото Џидимирци. Пожарот  два дена беснееше во реонот на Скопје, Свети Николе па зафати и дел од шумата и  од велешка страна.

Инаку, викендот  гореше поголема површина дабова шума кај велешкото село Нежилово, а во неговото гаснење беа вклучени  вработените на ШС „Бабуна” од Велес, а кои стопанисуваат и се грижат за шумите во поширокиот велешки регион.
Треба да знаете
Последни објави