Search

Изгаснат пожарот кај Пинтија

Пожарот кај населбата Пинтија е изгаснат, информираат утринава од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна вчера околу 11:30 часот во шумскиоит реон над Пинтија и зафати поголема површина мешана шума.

Во гаснењето на огнот беа вклучени и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување кои направија два прелети и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Беше вклучен и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во моментот на територија на градот нема активни пожари.

Треба да знаете
Последни објави