Search

Извршител во еден ден наплатил 50 милиони денари од Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт за еден ден му исплатила 50 милиони евра на сметката на извршителот Дашмир Саити од Тетово, а 22,13 милиони денари од оваа сума се за казнени камати. Ова наведува на тоа дека можеби се работи за една од најголемите присилни наплати што ги направил една извршителска канцеларија кон одредена државна институција, пишува Фактор.

На 10 септември се извршени осум трансакции од кои најголемите се 27,3 милиони и 22,13 милиони денари. Ова се случува во периодот кога актуелниот пратеник Дарко Каевски со одлука на Влада од 11 август повеќе не е директор на АМС, а за вршител на должност на оваа функција е запишан Измит Нура.

Од Агенцијата за млади и спорт потврдуваат дека е реализирано ова извршно решение и дека се работи за загубен судски спор, но поконкретно не соопштуваат кој е тужителот и која е причината за долгот, нита пак од кога датира.

– Причина за исплаќање на трансакциите се судски одлуки во кој Агенцијата за млади и спорт беше тужена страна во постапката. На име основен долг е исплатено 27.301.983 денари. На име казнени камати е исплатено 22.129.623. На име награда за извршно дејствие 217.710 денари, гласи одговорот од АМС.

Треба да знаете
Последни објави