Search

Извршителот Мицкоски свири како што диригентот од Будимпешта му диригира, но очаен што не успеа да реализира ниту една негова нарачка

ВМРО ДПМНЕ и извршителот Мицкоски континуирано подолжуваат со валкана кампања и неосновани обвинувања, во отсуство на реални мерки и политики. Извршителот Христијан Мицкоски потонат во очај и без идеи свири како што диригентот Груевски му диригира но не погоди ниту една нота, не успеа да оствари ниту една нарачака од Будимпешта, се вели во соопштение на СДСМ како реакција на изјавата од претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Извршителот Мицкоски седнат во Белиот дворец не успеа да го одбрани криминалот, не успеа да го спречи напредокот во ЕУ и НАТО и затоа продолжува да шири лажни вести и невистини.
ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција освен за валкани кампањи за ништо друго и не знае.
Кршењето на Уставот од страна на Рашела Мизрахи, снимањето и притисоците пред камери на Цветан Трипуновски, вербалните напади на пратеничката Жаклина Пешевска кон нејзини колешки се само мал дел од низата деструктивни и валкани потези на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски.
Таквото однесување ќе го ценат граѓаните и на 12 април повторно ќе го поразат извршителот Мицкоски и неговиот диригент Груевски и ќе порачаат: режим никогаш повеќе!
Треба да знаете
Последни објави