Search

Извршени контроли во 2.184 угостителски објекти, 24 од нив не и почитувале мерките

Министерството за внатрешни работи презема мерки за контрола на спроведување на одлуките на Владата. Во таа насока oд почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на МВР во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 2.184 објекти при што констатирано е дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада.

Од вкупниот број контроли, 1.573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник).

Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

Треба да знаете
Последни објави