Search

Извозот со пад од 24 проценти во првата половина од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во перидот јануари ‒ јуни годинава изнесува 2.705.623.000 долари и бележи пад од 24 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 3.691.475.000 долари, што е за 20 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во првите шест месеци од годинава изнесува 985.852.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот, пак, се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите пест месеци од годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу  сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави