Search

Извинување за сменетиот командант на бродот „Теодор Рузвелт”

– Вршителот на должност секретар на американската морнарица Томас Модли беше принуден да се извини, откако сменетиот команаднт на носачот на авиони „Теодор Рузвелт” го нарече „наивен или премногу глуп”.

Модли вчера испрати писмено извинување откако американскиот претседате л Доналд Трамп, на прес-конференција во Белата куќа, неговите коментари за капетанот Брет Крозиер ги оцени како „груби”.

– Се извинувам поради секоја забуна, предизвикана од изборот на зборови. Исто така, сакам директно да му се извинам на капетанот Крозиер, неговото семејство и целиот екипаж на „Теодор Рузвелт”, поради каква било болка евентуално предизвикана од моите забелешки, напишал Модли.

Најмалку 173 морнари на носачот на авиони биле позитивни на коронавирусот, а околу 2.000 од 4.865-члениот екипаж се однесени од бродот на тестирање.

Модли минатата недела го смени Крозиер, наведувајќи дека ја загубил довербата во него бидејќи покажал, според него, „исклучително лоша проценка”, испраќајќи допис во кој моли за итна евакуација на членовите на екипажот поради заштита на нивното здравје.

Треба да знаете
Последни објави