Search

Извештај на американските сенатори: Русија се мешаше во изборите

Русија и рускиот претседател Владимир Путин биле вмешани во американските претседателски избори во 2016 година, со цел да му помогнат на Доналд Трамп да дојде до победа, стои во извештајот на американските сенатори.

 

Всушност, извештајот на разузнавачкиот комитет на Сенатот, во кој беа вклучени сенатори од големи партии, ја потврди проценката на американските разузнавачки агенции.

Извештајот е објавен помалку од две недели пред самитот помеѓу Трамп и Путин.

Трамп, од друга страна, негира дека Русите му помогнале, а истрагата за овој случај ја смета за „лов на вештерки“.

„Рускиот напор беше екстензивен и софистициран, а неговите цели беа да се поткопа вербата кај јавноста во демократскиот процес, да и се наштети на Хилари Клинтон и да му се помогне на Доналд Трамп“, изјави потпретседателот на одборот Марк Варнер.

Треба да знаете
Последни објави