Search

Извештајот на Хоти за дијалогот со Србија и две интерпелации денеска пред косовското Собрание

Собранието на Косово денеска ќе одржи пленарна седница со преостанатите точки од минатите седници, како и една нова сесија, на чиј дневен ред е извештајот на премиерот Авдулах Хоти за дијалогот со Србија. Ќе се расправа и за интерпелацијата за министерот за образование и наука Рам Ликај, од кого опозициското Движење самоопределување побара оставка поради наводните пропусти во подготовките за почетокот на новата учебна година во услови на пандемијата на Ковид-19.

На дневен ред е и интерпелацијата за министерот за внатрепни работи Агим Велиу, од кого опозицијата бара одговорност во врска со неодамнешното влегување на униформирани припадници на безбедносните сили на Република Србија на територијата на Република Косово, односно во селото Карачево во општина Каменица.

Собраниската седница е закажана за во 11 часот.

Треба да знаете
Последни објави