Search

Известување за прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја

Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја- зштитничка на градот Скопје.

Вечерната богослужба на 20 септември ќе започне во 17 часот, а потоа прославата ќе продолжи со Литија по улиците во центрот на Скопје.

На 21 септември, Утрената богослужба ќе започне во 7.30 часот, а Светата Литургија во 9.00 часот.

Треба да знаете
Последни објави