Search

Избркан гостин во ресторан во Лос Анџелес влегол со питон долг четири метри

Избркан гостин во ресторан во Лос Анџелес влегол со питон долг четири метри

Еден маж бил исфрлен од јапонски ресторан во Лос Анџелес затоа што на госите сакал да им покаже мала змија, но потоа налутен се вратил и со себе носел питон долг четири метри.

По ручекот, во средина на салата тој извадил мала змија, заради што гостите и вработените почнале да негодуваат и го замолиле да го напушти ресторанот, што тој и го сторил. Но, малку подоцна тој се вратил во ресторанот и се појавил со змија долга четири метри, изјави потпаролот на полицијата на Лос Анџелес, (ЛАПД) .

Локалните телевизиски мрежи изјавија дека станува збор за питон, покажувајќи ја снимката на белиот рептил во рацете на сопственикот, кој на децата им дозволил да го милуваат, покрај ужаснатите погледи и викотници на престрашените гости.

Полицијата, пожарникарите и службата за фаќање диви животни биле повикани на помош да го фатат питонот, кој се сокрил зад благајната.

-Осомничениот е уапсен за загрозување на човечките животи и одредена му е казна од 50.000 долари, истакна потпаролот.

Треба да знаете
Последни објави