Search

Избрани најдобрите илустрации за „Современитебајки од Македонија“ на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“

„Современите бајки од Македонија“ го добиваат својот конечен лик. Креативнитеконцептиизработени од Катерина Соколова, Јована Велинова-Трајанова, Орце Нинески и Иван Коминовски сепобеднички решенија на отворениот повик за изработка на креативни илустрации на проектот „Современи бајки од Македонија“. Илустрациите на Катерина Соколова за бајката „Бакнежот на пролетта“, Јована Велинова Трајанова за бајката „Перуника“, Орце Нинески за бајката „Сончевото момче Ил“ и Иван Коминовски за бајката „Осаменото дрво“ ќе ги раскажуваат визуелно овие современи бајки, што ќе бидат отпечатени до крајот на годината.

Авторите на илустрациите ќе добијат парична награда во вкупен фонд од 140.000 денари или по 35.000 денари поединечно за секое креативно решение. Отворениот повик за изработка на креативни илустрации беше распишан во рамките на најновиот проект „Современи бајки од Македонија“ на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Повикот предизвика голем интерес, пристигаа 96 апликации од 61 автор.

„Ентузијазмот штонè води во овој проектe дополнително поттикнат од големиот одѕив што го покажаa уметниците. За нас беше тешка задачата да ги одбереме најдобрите, бидејќи пристигнаа исклучително квалитетни решенија. Нашата цел е да создадемесодржинисо кои ќе го збогатиме културното наследство за идните генерации. Радува фактор штово оваа мисија не сме сами, туку има голем интерес за создавање на ново уметничко творештво. Со претходните изданија ’Бајки од Македонија за цела година‘го доближивме традиционалното творештво преку нов современ израз и 52 бајки, за секоја недела во годината, доживеа огромен успех. Убедена сум дека и ’Современите бајки од Македонија‘ за кратко време ќе станат омилени помеѓу децата и сите што сакаат да читаат“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“

На отворениот повик за илустратори и дизајнери му претходеше конкурс за избор на најдобри современи бајки. На овој конкурс беа одбрани бајките: „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова. И за овој повик имаше голем интерес, конкурираа 316 автори со 442 бајки.

„Наша цел е секогаш на нашите читатели да им нудиме квалитетни книги со богата содржина и модерни илустрации. ’Современите бајки од Македонија‘ се нова страница за нас, бидејќи даваме можност на нови автори и илустратори да создаваат и да ја збогатуваат понудата на литература за деца. Овој проект покажа дека има огромен креативен потенцијал, кој бара простор за свој израз. Преку ’Современите бајки од Македонија‘, избраните решенија ќе годобијат својот конечен изглед“, изјави Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, во изминатиот период ги реализираа проектите „Бајки од Македонија за цела година“ и „Басни од Македонија“, кои постигнаа голем успех. Дел од нив се преведени на седум јазици, на Брајовото писмо, наградувани во светот и дома и се едни од најпродаваните книги за деца кај нас.

Треба да знаете
Последни објави