Search

Изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата

Христијан Мицкоски во време на оваа сериозна здравствена криза се однесува несериозно и се обидува политички да профитира на здравјето на граѓаните, а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната Владата работат на штета на граѓаните и државата.
Мицкоски на граѓаните им нуди само лажни вести и деструкција. Додека ги лажеше граѓаните дека нема доволно тестови за коронавирусот, дека поради кризата 140.000 луѓе останале без работа, тој си вежбаше во затворена теретана и во група се качуваше по Водно.
Откако не му успеаја обидите за создавање неоснована паника во јавноста сега Мицкоски прави сè државата да ја заглави во неизвесност и криза и да нема избори, бидејќи добро знае дека ќе биде поразен.
Затоа изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата.
Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓаните.
Само на тој начин уште поефикасно  ќе се справиме со последиците од досегашната епидемија, но и ќе бидеме поподготвени да го дочекаме септември и очекуваниот нов бран на вирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави