Search

Изборен молк во Хрватска

Во Хрватска денеска започна изборниот молк во пресрет на утрешните претседателски избори. Право на глас имаат 3,85 милиони избирачи, а на изборите се кандидирани 11 канадидати.

Изборниот молк ќе трае до утре, до 19 часот, односно до затворање на избирачките места.

Речиси сите анкети како водечки тројца кандидати ги издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат Грабар Китаровиќ и поранешниот хрватски премиер, Милановиќ.

Треба да знаете
Последни објави