Search

Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот на полицаецот напаѓачот се здобил со прострелни рани, откако кон него биле испукани неколку куршуми.

Мотивите за нападот засега се уште се непознати, а полицаецот веднаш беше пренесен во болница со повреди кои, според докторите не се опасни по живот. Според тамошните медиуми напаѓачот пак се здобил со сериозни повреди.

Белгискиот министер за внатрешни работи, Јан Џамнон, изјавиз дека тоа што се случило е „кукавички напад врз еден полицаец”. Министерот за правда, Коен Генс, рече дека иследниците размислуваат за сите можни мотиви, вклучувајќи врски со екстремистички групи, но дека сé уште нема јасни индикации.

Белгија е под зголемена безбедност, откако ба извршени нападите врз аеродромот во Брисел и метрото во март 2016 година, кога загинаа 32 лица.

Треба да знаете
Последни објави