Search

Идентификуван пиштолџијата кој пукаше во моторџијата во Чаир

Полицијата го идентификуваше пиштолџијата кој изрешета моторџија во Чаир, кој носел панцир па се спасил, информираше МВР.

Станува збор з В.А.(43) од Скопје, против кого е поднесена кривична пријава за убиство во обид.

Инцидентот се случил на 03.06.2020 околу 05.45 часот во Скопје, на улица Струмичка, кога при настаната вербална расправија,  В.А. со пиштол испукал неколку проектили кон К.Т.(24) , кој управувал моторцикл, нанесувајќи му повреди во пределот на потколеницата. Моторџијата успеал да избега, благодарение на панцирот што го носел, но бил ранет во нога. И тој возвратил на огнот, по што избегал во зграда на истата улица, каде го скрил пиштолот во сандаче на ЕВН.
Поради тоа му е поднесено обвинение за недозволено држење на оружје.

Треба да знаете
Последни објави