Search

Идентификувани 29 планети на коишто може да има вонземјани

Научници утврдиле 29 планети на кои може да има вонземјани коишто би можеле да ја набљудуваат Земјата. Тоа, од вкупно 1.715 испитани и лоцирани ѕвездени системи од каде што вонземјаните би можеле да ја откријат, т.е. лоцираат Земјата последниве 5.000 години, пишува „Гардијан”.

Луѓето со векови го гледаат небото прашувајќи се – дали има живот меѓу ѕвездите? И, додека ние замислуваме мали зелени суштества што личат на човекот, некој таму горе можеби гледа во нас. Во ново истражување, астрономите го стеснија кругот на блиските ѕвездени системи од кои може да се види животот на Земјата.

Лиза Калтенегер, професорка по астрономија и директорка на Институтот „Карл Саган” при Универзитетот „Корнел” во Њујорк, смета дека еден начин да се пронајдат вакви планети е да се блокираат делови од светлината на ѕвездата домаќин. Илјадници планети се откриени надвор од Сончевиот Систем, а околу 70 отсто се забележани во мигот кога минуваат пред ѕвездата, блокирајќи дел од светлината што стигнува до телескопите на Земјаните.

Идните опсерватории како вселенскиот телескоп НАСА, кој ќе биде лансиран оваа година, ќе бараат знаци на живот на „егзопланетите” со анализа на составот на нивната атмосфера. За да утврдат кои ѕвездени системи во близина се во добра позиција за набљудување на Земјата, проф. Калтенегер и д-р Џеки Факрети, астрофизичарка од Американскиот музеј на природонаучна историја, го проучиле каталогот ѕвезди, и нивната позиција и движење, составен од Европската вселенска агенција, со помош на астрометричката опсерваторија „Гаја”. Така, тие идентификувале 2.034 ѕвездени системи на оддалеченост од 326 светлосни години од коишто можело да се забележи движењето на Земјата, од пред 5 илјадалетија до 5.000 години во иднина.

Треба да знаете
Последни објави