Search

Идентификувани нарачателите на убиството на малтешката новинарка Дафне Галиција

Идентификувани се нарачателите на убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, која минатата година беше убиена во Малта, во атентат со автомобил бомба, објави весникот „Сандеј Тајмс оф Малта“.

Според полициски извори, група Малтежани го наредилe извршувањето на убиството. Тројцата осомничени за извршување на атентатот се уапсени, но идентитетот на вистинските нарачатели досега не беше познат.

Каруана Галиција (53) беше убиена на 16. октомври минатата година со бомба поставена во нејзиниот автомобил. Таа испитувала случаи за перење пари и шверц на нафта во кои биле вклучени и членови на владата. На својот блог новинарката и отворено критикувала лица од политичкиот живот во Малта.

Синот на новинарката, Метју, кон крајот на октомври предупреди на системот за имунитет на Малта, кој по негово мислење ги штити нарачателите на убиството. Тројцата уапсени на 4. декември минатата година, браќата Алфред и Џорџ Деџорџио и Винс Мускат, се обвинети за убиство, но, синот на новинрката укажува дека овие лица се наоѓаат на дното на синџирот, истакнувајќи дека и натаму не се знае кој ги пратил и кој им платил за извршената егзекуција.

Семејството на Дафне Галиција во неделата изјави дека од полицијата не добиле официјална информација оти нарачателите се идентификувани.

Треба да знаете
Последни објави