Search

Игуаин сака да ја заврши кариерата во Ривер Плата

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин сака да ја заврши кариерата во Ривер Плата. Аргентинецот ја започна својата кариера во аргентинските гиганти, од каде беше привлечен во Реал Мадрид во 2006 година.

Од 2016 година играше за Јувентус, со кого има договор до 2021 година.

– Ривер ми даде сè. Јас се развив таму и добив можност да се преселам во Реал. Тимот на Гаљардо игра атрактивен фудбал и има квалитет и сила. Нивниот централен напаѓач добива многу можности за гол. Јас често ја гледам Ривер и се надевам дека ќе ја завршам кариерата таму, вели Игуаин, цитиран од италијанските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави