Search

Игуаин одговори на критиките од министерот за внатрешни работи на Италија

Напаѓачот на Челзи, Гонзало Игуаин преку социјалните мрежи одговори на на зборовите на италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

– Не ми се допаѓа платеници. Договорите со плата од 3-5 милиони ми се чинат неосновани, апсурдни. Мило ми е што Игуаин го напушти Милан, тој се однесуваше недостојно, изјави претходно Салвини.

На ова Аргентинецот вака реагираше:

– Ако луѓето велат лоши работи за вас, тогаш треба да бидете горди, бидејќи во таков случај вашиот живот е поважен од нивниот. Некои луѓе се лутат кога ќе ги постигнете своите цели. Ако се фокусирате на своите резултати и бидете во потрага да го добиете она што го сакате, не обрнувајте внимание на другите, тогаш тие се лути поради вашиот успех и почнуваат зборуваат лошо за вас. Добра ноќ на сите, напиша Игуаин на Инстаграм.

Игуаин играше во Наполи од 2015 до 2016 година под водство на сегашниот тренер на Челзи, Маурицио Сари. Во првиот дел од тековната сезона, Игуаин настапи на 22 натпревари за Милан, постигна осум гола и забележа две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави