Search

Игуаин објасни зошто збесна на дербито против Јувентус

Гонзало Игуаин имаше преголема желба да се докаже против својот поранешен клуб, но таквата амбиција во дадениот случај му донесе само проблеми, бидејќи аргентинскиот напаѓач направи се што не требаше да направи на „Сан Сиро“.

Најпрво промаши пенал кој можеше да му донесе израмнување на Милан, а потоа откако Роналдо зголеми на 0:2, имаше и прекумерна реакција поради која заработи два жолти картони, односно црвен картон. Аргентинецот еднсотавно збесна за одлуката која ја донесе Мацолени и мораше да биде смируван од поранешните, но и актуелните соиграчи, а по натпреварот самостојно сфати каква грешка направи и се извини за својот потег.

– Реагирав така како што реагирав. Не требаше да го направам тоа, им се извинувам на соиграчите, на тренерот и на навивачите. Беше старт за жолт картон, одлуката беше донесена и се извинувам за реакцијата. Преземам одговорност за тоа, но секогаш кога играте против поранешниот клуб, чувствата се поинакви. Јас сум многу емотивна личност и понекогаш не знам да ги контролирам моите чувства. Поради тоа реагирав така, знам дека не оставив добар пример, па затоа мора да поработам на тоа да бидам помирен во иднина, – заклучи Игуаин.

Треба да знаете
Последни објави