Search

„Игуаин е тоа што му недостигаше на Милан, ова е вистинскиот момент за нас“

Откако минатата сезона завршија на разочарувачкото седмо место во Серија А, од Милан се надеваат дека оваа сезона ќе завршат на место на табелата кое што му доликува на клубот.

Гонзало Игуаин ова лето се пресели од Јувентус во Милан и според фудбалерот на „Росоњерите“, Сусо, токму Аргентинецот е тоа што му недостигал на Милан во изминатите сезони.

„Милан има шанса повторно да стане одличен клуб. Доведовме одличен напаѓач, Игуаин и мислам дека тоа е тоа што ни недостигаше. Тренерот Гатузо знае што можеме да пружиме и мислам дека ова е совршената сезона да се вратиме на вистинскиот пат“, изјави Сусо.

Треба да знаете
Последни објави