Search

„Игри без граници” за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје организира настан „Игри без граници” во кој учесници се лицата со Даунов синдром.

Со овој настан, информираат од Здружението, се  одбележува октомври, месец за подигање  на свеста кај пошироката јавност за лицата со Даунов синдром.

Во организирањето на настанот, како што е најавено, ќе се вклучат и студенти од студентската организација при Филозофскиот факултет УКИМ.

Треба да знаете
Последни објави